Велешанец берел печурки, го погодил куршум

Pecurki

На велешанец му е изваден проектил од огнено оружје од коленото во Општата болница Велес, откако се пожалил на болка додека собирал печурки во атарот на село Лисиче. Најверојатно станува збор за заскитан куршум. Од полицијата го потврдија настанот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 18.05.2024 во 11.00 часот во СВР Велес, Д.Ј.(63) од Велес пријавил дека при собирање печурки во атарот на с.Лисиче, општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, соопштија од СВР Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и се преземаат мерки за негово расчистување.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: