Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Велешанец физички ја нападнал сопругата, па го земал и нивниот малолетен син

policija veles

24- годишен велешанец физички ја нападнал својата сопруга со која што има постапка за развод. С.С, влегол насилно влегол во домот на нејзините родители го одзел нивниот малолетен син, но и нејзиниот мобилен телефон.

Zito akcija 640x289px

„На 10.01.2025 во 20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(24) од Велес, постапувајќи по пријава од неговата 19-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека дошол во домот на нејзините родители за да го земе нивниот малолетен син, при што насилно влегол во домот и физички ја нападнал, а и го одземал и мобилниот телефон, го земал синот, по што ги турнал и нејзините родители. С.С. бил задржан во полициска станица“, се вели по полицискиот билтен.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: