Во затворот „Идризово“ биле запленети 111 кутии таблети, за кои се претпоставува дека станува збор за бубранофин – лек кој се користи при третман на зависности.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 17:45 часот, при преглед на пакет доставен до затвореникот З.Т. (39) од Велес, биле пронајдени таблетите. Пакетот го донел неговиот брат.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.