Велешанец со симптоми на ковид-19 почина на пат кон велешката болница

kovid pocinat pacient
kovid pocinat pacient

Велешанец на 55-годишна возраст вчера почина на пат кон велешката болница. Тој претходно имал симптоми на ковид-19 и се водел како сомнителен случај. Според податоците од неговиот матичен лекар, велешанецот неколку дена имал покачена температура, но се лекувал дома. Вчера нагло му се влошила здравствената состојба, па била побарана медицинска помош. Кога бил донесен во болница, тој веќе бил починат.

Zito akcija 640x289px

„Вчера околу 19 часотна инфективното одделение во велешката болница е донесен пациент на 55-годишна возраст, без знаци за живот, односно без дишење и срцева реакција, со податок од матичен лекар за покачена температура во последните неколку дена, сомнителен за ковид-19 инфекција“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешката болница.

Agria

Во истиот период вчера, на инфективното одделение во велешката болница починала и 81-годишна пациентка од Свети Николе. Таа била хоспитализирана пред четири дена, но била во сериозна состојба, со тешка пневмонија и на кислородна поддршка.

Од велешката болница информираат дека 56-годишен пациент од Кавадарци со влошена состојба е транспортиран во клиниката „Жан Митрев“, откако неговото семејство го побарало тоа.

На инфективното одделение на вечешката болница во моментов се хоспитализирани 26 пациенти, од кои 23 се потврдени позитивни на коронавирус, а тројца се водат како сомнителни. Четворица пациенти се испишани со два последнователни негативни тестови и се водат како оздравени.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Велес се регистрирани вкупно 352 заразени, од кои активни се 36 пациенти, а оздравеа 300. Со новиот смртен случај, бројката на починати велешани се искачи на 17. Починатата светиниколчанка, пак е третата жртва од коронавирус во овој град.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: