Велешанец во притвор поради демнење и насилство врз поранешна партнерка

OJO Veles

Основното јавно обвинителство Велес отвори постапка против 59-годишен велешанец, кој е осомничен за кривични дела демнење и насилство.

Според соопштението, мажот последните неколку месеци ја следел својата поранешна интимна партнерка, се мешал во нејзиниот личен живот, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Тој ја контролирал со кого комуницира и се дружи, каде излегува и со тоа кај жртвата предизвикувал чувство на страв и несигурност.

Agria

На 18 септември, според обвинителството, насилството кулминирало. Осомничениот прво ја нападнал жртвата на нејзиното работно место, а потоа трипати во текот на истиот ден насилно влегувал во нејзиниот стан и физички ја повредил.

Обвинителството оценило дека постои ризик од повторување на делото, особено поради тоа што осомничениот работи заедно со жртвата и досега против него не биле изречени привремени мерки за заштита. Дополнително, поради неговото занимање и можноста да ја напушти земјата, обвинителот предложил притвор.

Предлогот бил прифатен од Основниот суд во Велес, кој донел одлука осомничениот да остане во притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: