Полициските екипи на СВР Велес во текот на вчерашниот ден го уапсиле четириесет годишниот А.Р. од Велес. Како што соопштуваат службите, тој претходно бил пријавен од семејството дека го испрскал домот со бензин и им се заканувал на сопругата, на нивните две деца и мајка си.
Содржината продолжува под рекламата
„На 22.10.2023 во 14.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Р.(40) од Велес. Тој на 21.10.2023 околу 10.30 часот во домот, испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца.“, информираат од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: