Велешкиот планинар и алпинист Тодорче Ѓоргиев вчера (28 октомври) во 9 чaсот по локално време го искачи врвот Ајланд Пик (6,165 m) на Хималаите во Непал како дел од македонската експедиција, а искачувањето започна точно на полноќ.
По вкупно 20 часа одење, сега тимот е на заслужен одмор во базниот камп.
“12 дена трекинг и хајкинк и изминати 130км за да дојдеш до почетна точка да искачуваш врв и да честиташ роденден. Врвот на островот 6189 мнв ( Imja Tce t.e Island peak ) искачен и пратена честитка. Среќен роденден Matteo Gjorgiev, здрав, жив, да го победиш Верон и да ме надминеш”, напиша Ѓорѓиев на својот ФБ профил.
Тимот на Батали му го честита подвигот.
Можеби ќе ве интересира: