Велешанка остана без своето возило, штипјанец го земал да го проба и оттогаш не се вратил

policija-mk (1)
policija-mk (1)

Велешанка остана без своето возило марка „фиат“ откако маж земал да го проба пред да го купи и оттогаш не се вратил.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 02.07.2022 во 19.30 часот во СВР Велес, жена од Велес пријавила дека била измамена од А.Ј. од Штип за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, тие се договориле А.Ј. да го купи нејзиното возило „фиат“ за сума од 3.000 евра и откако дошол во Велес го зел да го проба и оттогаш не се вратил“, информира МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од полицијата сооштија дека продолжуваат со истрагата, расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: