Велешанката Даниела Стојановска Пановска е нова пратеничка во македонското Собрание. Стојановска Пановска, чиј мандат денеска беше верификуван, доаѓа од СДСМ. Таа е седмиот пратеник од Велес и велешко во актуелниот состав на Парламентот.
Текстот продолжува под рекламата
Стојановска – Пановска доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван за амбасадор во Црна Гора.
Текстот продолжува под рекламата
Пред Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да го и верификуваат мандатот на новата пратеничка, тоа го направи и Државната изборна комисија.
Даниела Стојановска Пановска е професорка по хемија во средно училиште. Таа е трет пратеник на СДСМ од велешкиот регион, заедно со Ненад Коциќ и Мухамед Кадиров од Горно Јаболчиште.
Сега во Собранието има вкупно седум пратеници од Велес. Покрај Стојановска Пановска, Коциќ и Кадиров, тука се и Игор Здравковски и Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ, Димитар Апасиев од Левица и Љупчо Пренџов од ГРОМ.
Можеби ќе ве интересира: