Во велешаката денеска беше одбележан Светскиот ден на здравјето. Директорот на болницата Зоран Арсовски на медицинскиот персонал и на оние кои се крводарители од велешката болница им додека благодарници.
Тој пред медицинскиот персонал рече дека му е чест ми е што се сите овде традиционално да го одбележат Светскиот ден на здравјето 7-април. Арсовски рече дека ширум светот право на здравје на милиони луѓе е ставено под закана, болести, катастрофи се причини за разни инвалидитети на населението.
Арсовски рече дека во последните неколку години се соочиле со здраствени предизвици прво епидемија на морбили, па Ковид-19, па сега се борат против Перкусис, но здравствените работници успевале да ја добијат битката.
„Инвестиравме во подобрување на инфраструктурата, добивме нов апарат за анестезија, добивме фибер ендоскоп, набавивме видеоколоноскоп, колордоблер за гинекологија, респиратор во интензивна нега, понапреден апарат за комјутерска томографија, комплетна дигитализација на одделот за радиологија со 24-часовна покриеност од 11 доктори радиолози од универзитетска клиника за хирушки болести“, рече Арсовски.
Од денес велешката болница поточно одделението на ОРЛ, започнува со давање на здравствени услуги тројца специјалисти од штипскиот клинички центар, а во поседните неколку години биле реализирани и 63 вработувања на неопределено време со што биле унапредени условите за подобар третман на пациентите.
На крај директорот Арсовски рече дека овој ден е пригоден момент да им се заблагодарат на новите пензионери од велешката болница, за нивниот придонес и несебичен ангажман за зачувување на здравјето на пациентите.
Moжеби ќе ве интересира: