Велешката полиција во акција, поради дрога осум лица се лишени од слобода

SVR Veles policija
SVR Veles policija

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и од СВР Велес синоќа, од 19:00 до 2.10 часот, на местото викано „Долна Бабуна“ во Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе видови дрога.

Содржината продолжува под рекламата 

Zito akcija 640x289px

Како што соопшти денеска МВР, на местото „Долна Бабуна“ била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава.Во 21:00 часот од слобода биле лишени Ѓ.Л.(43) Р.Г.(53) од Велес затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во 00:30 часот од слобода биле лишени Д.С.(27) од Велес и Ф.М.(32) од Скопје бидејќи кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ф.М. била пронајдена таблета екстази.

Во 01.40 часот од слобода биле лишени Л.С.(43) од Скопје, Е.Р.(31) од Скопје и А.Ц.(41) од Прилел, затоа што кај Л.С. била пронајдена марихуана, а кај Е.Р. била пронајдена бела прашкаста материја,  додека пак А.Ц. била затекната во истото возило со Е.Р..

Исто така, во 02.10 часот од слобода бил лишен С.С.(22) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета. 

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: