Велешки волонтери на Црвениот крст со акција за заштита од топлотниот бран

Toploten bran Crven krst

Волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Велес, денеска спроведоа теренска активност насочена кон заштита на граѓаните од екстремните температури кои го зафатија регионот.

Во рамки на акцијата, членови на Клубот на млади делеа флаширана вода и едукативни флаери со препораки за заштита од топлотен бран. Активноста беше реализирана од двајца млади волонтери, кои на терен ги потсетуваа граѓаните на Велес за мерките што треба да се преземат во услови на високи температури.

Agria

Со оваа иницијатива, Црвениот крст на Велес уште еднаш ја потврди својата заложба за поддршка и грижа за локалната заедница, особено во време на климатски предизвици. Од организацијата апелираат до граѓаните да останат хидрирани, да избегнуваат директна изложеност на сонце во текот на најжешкиот дел од денот и да внимаваат на своето здравје.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: