Велешкиот карикатурист Миле Манчевски добитник на наградата за животно дело

Велешкиот карикатурист Миле Манчевски, попознат како Милман ја доби на наградата за животно дело „Цицо“, наменета за македонски карикатуристи, која му беше врачена во просториите на Светската галерија „Остен“ во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Наградата се доделува традиционално на „Светската галерија на карикатури“, која е една од најпрестижните манифестации од оваа област во светот. Наградата Цицо се добива за целокупниот ангажман и творештво на еден автор – карикатурист.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Јас сум посебно благодарен на ова големо признание и за мене претставува еден додатен стимул да продолжам да работам со ова темпо и да изнаоѓам нови полиња како инспирација“, рече авторот Манечвски при добивањето на наградата.

Содржината продолжува под рекламата

Според извршната директорка на Остен, Корнелија Конеска, јавната комуникација е полна со навреди, омраза, а тоа е одраз на страв, несигурност и неподнослива леснотија на неодговорност за пуштената мисла во етер.

„Карикатурата е уметност на пренесување на пораки. Оттука артикулацијата на критичката мисла кај Манчевски сублимирана во визуелна порака е вистинската вредност на карикатурата која треба да се препознае и негува, да се надградува и усовршува. Во јавната комуникација денес како да недостасува артикулација, затоа – крајно време е да ја вратиме карикатурата на вистинското место, а Миле Манчевски неуморно работи на тоа“- рече Конеска.

Во чест на наградата беше отворена и самостојна изложба на карикатири на Милман, кое е уметничко име на авторот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24718/novi-pravila-od-15-noemvri-za-vlez-vo-restorani-klubovi-i-molovi/