Велешкото хемиско училиште преку проект поттикнува хуманост за граѓаните и социјализација на учениците

Hemiska ucenici
Hemiska ucenici
Фото: Duma.mk

Рачно изработени шолчиња, дуксери со различен дизајн како и друштвена игри Farkle, беа дел од активностите кои учениците од Средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес, сами ги изработуваат во склоп на проектот „Хуманост на дело“ . Овие производи се продаваат по симболична цена и секој граѓанин може да ги купи од училиштето но и онлајн преку фејсбук страницата.

Zito akcija 640x289px
racno izraboteni solcinja od ucenici hem,iska
Фото: Duma.mk

Денеска имавме промоција на дуксери, мала модна ревија. Секој дизајн на дуксерите е различен но доколку некој сака да купи од нашите производи може да направи и порачка по желба. Направивме промоција и на шолчињата кои исто така се со посебен дизајн и се наменети за сите возрасни групи. На крај беше промовирана и друштвената играта Farkle , рече професорка Валентина Јовева, ментор на проектот.

Agria

Од секој купен производ, 30% од цената е наменета за ученици од истото училиште кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, додека со останатите средства повторно се набавуваат материјали . Како дополнителна активност во склоп на истиот проект за празникот „Прочка“, тие продаваа баклава и со собраните средства на пет ученици од социјално загрозени семејства им доделија санитарни пакети кои содржат дезинфекциони средства и маски со цел полесно да се справат со корона вирусот.

Целта на овој проект е и да ги зближи младите и да им укаже дека секоја нивна идеја како и нивниот труд не е залуден. Покрај изработката на различни производи тие многу често организираат и онлајн гледање на филм преку „Teams“ платформата, каде претходно на инстаграм профил преку гласање сите заедно го избираат филмот кој се проектира.

– Во рамките на проектот имаме и социјализација, целта е учениците и ученичките да се дружат но да не испаѓаат за да не го шират корона вирусот. Сега имаме полициски час, но претходно посебно за време на викенд младите се собираат по кафичи, па на овој начин тие се дружат но не со физичко присуство, додаде Јовева.

Овој проект ќе трае се додека има заинтересираност од страна на граѓаните и учениците. Во моментот кога проектот ќе заврши собраните средства кои ќе останат ќе бидат наменети за подобрување на наставата во училиштето.

Извор: duma.mk

Новинар на порталот: Стефани Манева

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: