Велешкото виногорје домаќин на првиот светски натпревар за сортата вранец

За првпат во светот ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на сортатавранец – Vranec Selection by CMB. Оваа специјална манифестација, чиj домаќин е здружението „Вина од Македонија“, е во организција на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles.

Zito akcija 640x289px

Настанот ќе се одржи во периодот од 5 до 7 декември 2023 во велешкото виногорје во Северна Македонија и истиот е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од друштвото за Германска Меѓународна Соработка – ГИЗ.

Agria

Vranec Selection by CMB ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот. Сортата вранец, позната и како „црн пастув“ (анг. Black Stallion), е така наречена поради својата исклучително темна боја, тешко скротлив дух и моќ. Таа ќе биде главна ѕвезда на оваа винска приказна.

– Vranec Selection by CMB е повеќе од обичен вински натпревар, тоа е винско патување низ есенцијата на оваа сорта. Со одржување континуитет на вакви настани важни за македонската винска индустрија во иднина, ја промовираме нашата земја како конкурентна винска земја достојна на признание во винскиот свет. Овој натпревар отвора можност и за славење и на други балкански регионални сорти и нивна промоција – велат од „Здружението Вина од Македонија“.

Оваа македонска винска асоцијација постои од 2010 година и има за цел да ги обедини домашните винарии и да го промовира имиџот на македонското вино низ целиот свет. Здружението е организатор на манифестацијата „Светскиот ден на вранецот“ која се одржува континуитет од 2019 и ја промовира оваа сорта не само државата, туку и секаде низ светот. Во 2023 основана е и асоцијацијата Балкански вина со поддршка од ФАО и ЕБРД која има за цел да ги промовира локалните вински сорти на Балканот како што е вранецот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: