(ВИДЕО) 10 кавадаречки студенти ги добија стипендиите од фондацијата „Никола Јанчев“

Десет стипендисти од Кавадарци се дел од хуманото семејство на Фондацијата „Никола Јанчев“. Тие ги добија стипендиите во висина од по 500 евра, откако беа најдобри во селекцијата, по конкурсот објавен од Фондацијата.

Zito akcija 640x289px

„Задоволството е наша инспирација,да го храниме срцето со радост и добрина, а нашите дела, инспирација за идните генерации“, порачаа денеска од Фондацијата Никола Јанчев.

Agria

 По детално разгледување на сите пристигнати апликации, комисијата за доделување стипендии на Фондацијата „Никола Јанчев“ одлучи да ги награди Славе Темков, Страшо Наумов, Ирена Дафчевска, Менче Лазова, Иван Камчев, Весна Темкова, Борис Ифтимов, Загорка Јованова, Кристина Јовановиќ и Дијана Ристова.

Од Фондацијата велат дека студентката Марија Трајкова и понатаму ќе остане нивни стипендист се до завршувањето ан нејзините студии.

„Искрено се надевам дека овој ден ќе биде инспирација за нашите млади стипендисти со добро дело да им возвратат на идните генерации на нашето Кавадарци“, речи при доделувањето на стипендиите еден од најдобрите градоначалници на Македонија, првиот човек на фондацијата и на општина Кавадарци Митко Јанчев.

Фондавијата е основана во 2018 година со една единствена цел, да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности. Средствата за донација се од градоначалничка плата, која што Митко Јанчев ја донира во фондацијата, но и пари од компанија Кожувчанка.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22216/dve-veleshki-kompanii-vo-top-10-tekstilni-kompanii-po-prihod/