Едно лице се здобило со тешки повреди, откако вчера вечер со возилото, излетал на железничка пруга кај Градскиот базен, информираат денеска од Општата болница Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„Лицето е со политраума, прифатено е веднаш од ургентната единица и проследен кон радиодијагностика каде е направена компјутерска томографија на цело тело. Констатирани се контузиони повреди на глава, граден кош, а констатирани се и сериски фрактури на ребра, кичма. Поради тежината на повредите пациентот е препратен за Скопје“, изјави Марина Андова од Општа болница Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Настанот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Велес.
„На 07.08.2024 во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, соопштија од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: