Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

(ВИДЕО) Филипче: Има нови сознанија за смртта на мајката и синот од Велес

Filipce 16.04
Filipce 16.04

Сеуште не е готов извештајот од обдукцијата на телата на мајката и синот, кои пред десет дена беа најдени мртви во нивниот стан. Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција рече дека за овој случај е направен и дополнителен увид, со кој се откриле нови информации важни за расветлување на овој случај.

Zito akcija 640x289px

Во врска со случајот на смртта на 78-годишниот велешанец, кај кого после смртта му беше откриен коронавирус и за чија смрт неговото семесјтво ги обвини здравствените институции, Филипче рече дека ќе се формира комисија во Министерството за здравство, која ќе врши стручен надзор.

Запрашан што ќе се случува со големиот продажен објект за прехрамбени производи во Велес, кај чии вработени е откриен коронавирус, министерот Филипче рече дека не е запознат со случајот, но дека правилата важат исто за сите.

Погледнете ги одговорите на министерот Филипче поврзани со Велес, а дадени на вечерашната прес конференција која се одржа онлајн, поради самоизолацијата на министерот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: