Комбе полно со мигранти вечерва околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата 8 Септември, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката полиција за Батали.нет потврдија дека бегајќи од полициска потера, комбето влегло во забранет правец на улицата 8 Септември и пропаднало во ископаниот ров. Оттаму велат дека возачот и совозачот се фатени и приведени.
Содржината продолжува под рекламата
Според наши информации, македонската полиција заедно со припадници на мисијата ФРОНТЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.
Во центарот на Велес врие од полиција, а дваесетина мигранти, седат на земја покрај дуќаните под Интернационал. Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.
„Детето нема видлива повреда, но се жалеше на болка во главата, а неговиот татко има расекотина на прст на раката. Тоа се единствените пренесени во велешката болница“, изјави за Батали.нет д-р Васе Пановска Поп-Стефанова – началник на Итната медицинска помош.
Од полицијата велат дека детали за инцидентот ќе има утре, откако ќе заврши увидот.
Видео од настанот:
Можеби ќе ве интересира: