По повод големиот христијански празник Богојавление Водици, во Велес се одржа традицијата на фрлање на Светиот крст во водите на река Вардар. Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Велес, годинава заврши во рацете на 33 – годишниот жител на населбата Превалец, Игор Иванов.
Tој од Владиката Агатангел доби златно крвче и библија, а награди доби и од градоначалникот на Велес Марко Колев, од ЈКП Дервен, од ЈВП Лисиче, Жито маркети како и од други бројни спонзори.
Иначе Игор по 13 пат се фрла да го фати светиот крст, но денес за прв пат го фати крстот, а на другите верници им порача да веруваат во Бога.