Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на езерото „Младост“, предупредува политичката партија Левица.
Тие прашуваат дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување.
Советниците на Левицата од Велес вчера го посетија езерото „Младост“, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја, чиј состав сè уште не е утврден.
„Бараме од надлежните институции, Центарот за јавно здравје, Републичкиот инспекторат за животна средина, Општината Велес, Институтот за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на езерото ‘Младост’; да потврдат дали водата во езерото е безбедна за користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во езерото“, повика партијата.
Можеби ќе ве интересира: