(ВИДЕО) Мрсна дамка се појави на велешкото езеро „Младост„

uginata riba

Мрсна дамка од утрово плива во водите на велешкото езеро Младост. Ја забележале рибари, кои денеска тука ловеле риба, но и излетници, кои возмнемирени од глетката, алармираа кај новинарите. Нечистотијата плута во водите во појасот помеѓу бродот – ресотран и летниковците на крајбрежјето, во должина од неколку стотина метри. Риболовците алармираат дека забележале угината риба, но не можат да тврдат дека причината е загадувањето на водата.

Zito akcija 640x289px

Од општина Велес велат дека службеници од одделението за животна средина излегле на терен и констатирале дека во водите на езерото може да се забележи мрсна дамка, но тие не можат да го лоцираат загадувачот, оти општината веќе неколку месеци е без инспектор за животна средина, кој единствено има овластување да направи инспекциски надзор.

Agria

Сега општината ќе бара од Државниот инспекторат за животна средина да направи инспекциски увид и да утврди кој би можел да ја испушти оваа дамка. На брегот на езерото има неколку угостителски објекти, но дали можеби некој од нив е загадувачот или се работи за сосема друг субјект, тоа е работа на инпекциските служби.

Слично беше и пред два и пол месеци, кога во водите на Вардар кај Велес се појави мрсна дамка од мазут, па откако по неколку дена инспекторите од Државниот инспекторат направија увид, констатираа дека загадувач на Вардар е велешка Маслодајна, која доби казна за инцидентот.

За инцидентот денеска реагираа и екологистите од еколошкото друштво Вила Зора, и побараа  итно да биде откриен и санкциониран загадувачот на езерската вода како и да бидат преземени мерки за чистење на езерската вода. Тие најавија и соопштение за јавноста.

Инаку, во делот на езерото каде што се појави мрсната дамка излетниците често се капат, па разбирлива беше нивната вознемиреност денеска, кога ја забележале појавата во водата. Велешкото езеро е често посетувано излетничко место и од велешани, но и од граѓани од други градови од земјава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: