Документарецот „Музата на поетот“ е името на филмот кој е снимен со Рахилка Фирфова (Раца), најголемата љубов на Кочо Рацин. Во видеото, Рахилка раскажува за преписката меѓу нив која била еднострана. Кога Раца се омажила, Кочо во преписката им го честитка бракот со следниве реченици:
„Биди среќна, благодарам за сѐ. Среќа ви посакувам, не болка и солзи. Само болот е мој, не нашата љубов. Колку ли лудо ве сакам во болка. Па ако поминете утре со наведната глава, немо покрај мене, божествена жено знајте само: „Посилно одошто змијата кога сите отрови со болка подлабока од мојот гроб, те поздравува срцето што пати по вас““.
Рахилка раскажува како картичките “исчензле“ од нејзиниот дом, а таа на многу интересен начин и случајно открива дека ги нема. На прашањето дали ѝ годи што претставува муза на поетот, Рахилка одговара дека и тука нашла една умереност. Зборува за неговата прва стихозбирка „Бели мугри“ која стигнала со посвета за неа, а потоа ја загубила.
Инаку, документарниот филм од последното интервју на Рахилка Фирфова Ѓоргова е во продукција на Телевизија Здравкин во 2001 година, а негови автори се Данчо Стефков и Стоилко Андреевски, снимател е Игор Андреевски, тон мајстор е Лазо Теов, а светло мајстор е сега покојниот Благој Подлешки, сите од Велес.
Текстот е преземен од: https://makedonskapoezija.com/
Можеби ќе ве интересира: