Додека поголемиот дел од граѓаните ги почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот, ромска веселба со дваесетина луѓе цел ден се одвива во Велес. Попладнево, поворка од веселбата помина низ повеќе велешки улици од левата страна на градот, кај Потокот и кај Црна Џамија.
Забележливо беше дека никој од нив не носи заштитни маски, ниту пак се почитува дистанцата помеѓу луѓето.
Нема информација дали полицијата интервенирала, но ваквите прекршувања се сериозна закана од ново ширење на заразата.