Нови апарати за колоноскопија и гастроскопија набави велешката болница. Инвестицијата чини преку 50 илјади евра и е направена со пари на болницата. Покрај ова, велешката болница пред неколку дена го промовираше новиот дигитален рентген апарат, донација од Амбасадата на Јапонија, кој е вече неколку месеци во функција.
„Со оваа опрема, пациентите веќе нема да треба да одат во други градови, туку прегледите ќе ги вршат во велешката болница“, рече др. Божидар Бојаџиев, директор на ЈЗУ Општа болница Велес.
Содржината продолжува под рекламата:
Тој потсети дека веќе е во функција и нов компјутерски томограф.
Погледнете ја изјавата на др. Божидар Бојаџиев:
Можеби ќе ве интересира: