На ден пред почетокот на школската година, Министерството за образование не отстапува од тоа во велешката гимназија да се запишат ученици кои не ги исполнуваат критериумите за запишување и покрај тоа што друго средно училиште од Велес кубури со ученици.
Содржината продолжува под рекламата
Министерот Јетон Шаќири вели дека се работи за две нови паралелки – една на албански и една на македонски јазик, но дискусијата за ова воопшто не треба да се води така, смета тој. Шаќири признава дека овие две паралелки немаат доволно ученици и се под законскиот минимум за формирање паралелка, но потсетува дека средното образование е задолжително.
Содржината продолжува под рекламата
„Ако за оние ученици кои имале 3-4 поени помалку, локалната самоуправа обезбеди образование во најблиската општина, град или простор, според надлежностите кои ги има, за тие секојдневно да посетуваат настава во насоката која тие ја сакаат, за мене како министер ќе биде задоволство и нема да има никаков проблем во одлуката за запишување на тие средношколци. Имаме задолжително средно образование. Затоа, дискусијата не е за отворање албанска паралелка, туку за помал број на ученици од законскиот минимум. Ако тоа може да се обезбеди, ќе продолжат според огласот, толку, колку што се пријавиле и на македонски и на албански јазик.“
Вработените од велешката гимназија велат дека воопшто не се против втора албанска паралелка, но го демантираат министерот дека овие ученици биле само неколку поени под минимумот. Според нив, требало да примат полуматуранти кои освоиле едвај 40 од минималните 60 поени.
На фејсбук реагираше професорката Весна Јаневска.
„Зошто барате од гимназијата во Велес да го симне критериумот за бројот на поени и да се формира посебна паралелка на албански јазик, со ученици кои не исполнуваат услов за упис? Како Вие тоа одлучивте дека така треба? Арбитрарно? Како да сте дома и гимназијата да е ваша лична сопственост? Закон има за средно образование, го кршите член 42. Во Велес има училишта во кои се запишани помал број на ученици. Зошто овие мора да се во гимназија иако не исполнуваат услови, наместо во некое друго училиште? Кои се овие 28 деца?“
Во меѓувреме велешкиот совет на седницата која е во тек, треба да донесе одлука за формирање нови паралелки. Извори за ТВ24 брифираат дека се очекува жестока дебата и одлука, која може да ја растури локалната коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
Можеби ќе ве интересира: