Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот,освен за достава и шалтерска продажба на храна, како и одлука за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот. Се препорачува граѓаните по 21 часот без поголема потреба да не се движат на јавен простор.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
Владата усвоила и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Можеби ќе ве интересира: