Во близина на Градско приведен 21-годишник од Скопје кој превезувал мигранти

Migranti vo kamion
Migranti vo kamion

Велешката полиција соопшти дека денеска на крстосницата кај село Водоврати, општина Градско, го лишиле од слобода Р.М. (21 год) од Скопје, затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 20.03.2023 на крстосницата кај с.Водоврати, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти (шест од Сирија и четири од Конго)“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Имено, околу 08.00 на автопатот Неготино – Велес тој не застанал на даден знак од полициски службеници, но набргу кај клучка Градско возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати возилото било запрено, а тој бил приведен. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно- транзитен центар.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: