Во крводарителска акција во Чашка собрани 18 крвни единици

Krvodaritelska akcija Caska 2025

Велешки Црвен крст во просотриите на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка ја одржа првата од трите предвидени крводарителски акцијии во Општина Чашка за 2025 година, на којашто 18 жители ја покажаа својата хуманост и дарува крв.

Двајца од дарителите за прв пат ја подале својата рака да даруваат од скапоцената црвена течност и станале дел од најхуманото семејство во државата.

Agria

Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, со поддршка од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“. Минатата година во Чашка се одржале две акции и се даруваа вкупно 50 единици, информираа од Општинска организација Велес на Црвениот крст на РСМ .

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: