Во текот на вчерашниот ден во Казнено-поправна установа Затвор-Велес отворено одделение во подрумските простории било пронајдено едно пакување кафеава прашкаста материја.
„На 16.12.2022 во 10.00 часот во СВР Велес, од Казнено-поправната установа Затвор Велес, отворено одделение, било пријавено дека во подрумските простории било пронајдено едно пакување со кафеава прашкаста материја“, соопшти МВР.
Текстот продолжува под рекламата
Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале прашкастата материја за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: