Во Раштани поставен камен-темелник на нова црква, Мицкоски: Ова е почеток на едно духовно патување

Mickovski vo rastani

Денеска во селото Раштани, Велес, беше поставен камен-темелникот на црквата „Лазарево Воскресение“.  На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека новиот храм ќе биде духовен дом – извор на надеж, утеха и благослов за идните генерации.

„Овој чин не е само почеток на изградба од камен и малтер, ова е почеток на едно духовно патување, заеднички стремеж кон божјата светлина и вистина.  Да се гради црква е света работа, тоа значи да се изгради темел во срцето на народот. А денешниот ден покажа дека народот од Раштани и пошироко има силна душа и големо срце. Благодарност до сите што беа присутни, до оние што со својата поддршка, труд и вера помогнаа ова да стане реалност. напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Agria

Тој додаде дека народот од Раштани и пошироко покажал голема душа и силна волја, благодарувајќи им на сите кои помогнале со поддршка, вера и труд за реализација на овој проект.

„Господ нека го благослови секој нареден чекор. Нека ова свето место расте со љубов, како сведоштво за воскресението, заедништвото и надежта на нашиот народ. Со вера во Бога и љубов кон луѓето, чекориме напред“, напиша премиерот на своите профили на социјалните мрежи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: