Општинската организација на Црвен крст Велес синоќа во големата сала на Општина Велес, со свечена академија, со доделување награди и признанија одбележа 80 години од постоењето. На академијата беше истакната историската улога на Црвен крст низ годините, во обезбедување на хуманитарна помош и поддршка на граѓаните, особено во кризни состојби и временски непогоди.
На настанот присуствуваа градоначалниците на трите општини – локални самоуправи кои ги опфаќа Општинската организација: Општина Велес, Општина Чашка и Општина Градско, на кои им беа доделени благодарници по повод јубилејот, како знак на благодарност за неизмерната поддршка во работата и мисиите на нашата Организација.Благодарниците беа доделени од страна на Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев.
Свеченото одбележување на 80 години македонски Црвен крст се одржа под мотото „80 години ние гледаме луѓе“.