Возел со 222 километри на час на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Avtopat so 222 na cas

На автопатот Куманово – Скопје – Велес, каде максималната дозволена брзина на движење е 120 километри на час, сообраќајната полиција вчера казнила 90 возачи кои возеле над дозволеното. Со радарска контрола регистриран е возач како вози со 222 километри на час по автопатот.

Zito akcija 640x289px

Од казнетите возачи, 13 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: