Возрасна жена приведена по грабеж на Градскиот пазар во Велес

pazar Veles

Велешката полиција вчера приведе 70-годишна жена осомничена за грабеж на Градскиот пазар во Велес, соопшти СВР Велес.

Zito akcija 640x289px

“Полициски службеници од СВР Велес денеска околу 10:30 часот ја лишиле од слобода С.Ш.(70) од Велес, по пријава од 57-годишната В.Ѓ. којашто била жртва на грабежот”, информираа од СВР Велес.

Agria

Според пријавата, осомничената ја оттурнала В.Ѓ. и насилно ѝ го одзела паричникот во кој имало 25.350 денари и лични документи.

При интервенцијата, полицијата кај осомничената ги пронашла одземените предмети, кои веднаш биле вратени на сопственичката.

По приведувањето во полициската станица и документирањето на настанот, против С.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. За случајот е известен и јавен обвинител.​​​​​​​​​​​​​​​​

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: