Втор ден по ред нема ниту еден заразен велешанец со коронавирус. Центарот за јавно здравје од Велес соопшти дека денес петмина велешани се излекувани од вирусот.
Според новата статистика во Велес вкупно се заразија 62 лица со коронавирус, од кои девет се излечени, тројца починаа, а 50 случаи се сеуште активни.
Во земјава денеска се регистрирани 26 нови случаи на заразени со коронавирус, но во исто време, 36 пациенти оздравеа. Во последните 24 часа регистриран е и еден смртен случај, на 80-годишен пациент од Скопје.