За прв пат во Велес – Меѓународен фестивал на  сатирата „Џинот“

Festival na satira Djinot 2024

Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“,  Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и Општина Велес, вчера за прв пат се одржа   2024.

Zito akcija 640x289px

 

Во рамки на фестивалот беше промовирана книгата на авторите Елеонора Николовска, Атанас Крлевски, Марјан Анѓеловски и Марија Ранѓеловиќ, „404 Секојдневизми“, а беа и доделени наградите на распишаниот меѓународен конкурс на афоризми на тема „Живот“.

Agria

 

„404 Секојдневизми“ е збирка на афоризми која успева да ја долови суштината на животот преку кратки но длабоко осмислени афоризми. Се истакнува со својата разновидност, бидејќи е создадена од четири автори, со различни животни искуства. А тоа ја прави книгата витинско богатство, од мали мудрости и необични изблици на хумор“ рече во својата рецензија за книгата, промоторката проф. д-р Елизабета Бандиловска.

 

Првата награда на меѓународниот конкурс на афоризми на тема „Живот, ја доби Славица Урумова – Марковска, втората награда ја доби Абдурахман Халиловиќ Ахил од Риека , Хрватска, додека третата награда ја доби Нада Караџиќ од Белград, Србија.

Наградата за најдобар афоризам му припадна на Јане Атанасов од Кочани, додека специјалната награда за етно афоризам е во рацете на Костадинка Витанова од Струмица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: