Едно лице загина, друго лице има тешки повреди во сообраќајната несреќа на автопатот Велес-Скопје, во тунелот кај Катланово, во која учествувале камион и мотоцикл со унгарски таблички, на кој се возеле двајца.
Содржината продолжува под рекламата
„Во 16.55ч пријавено е дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. Едно лице, кое се превезувало на мотоциклот починало, а другото, исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентен центар Скопје“, велат првичните информации од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Автопатот Велес -Скопје (кај тунелот) е целосно затворен за сообраќај, се пренасочува сообраќајот од клучка Велес кон Св.Николе, кон автопатот Штип-Скопје.
Можеби ќе ве интересира: