Во тешка сообраќајна несреќа која се случи на атопатот Градско – Велес, пред наплатната рампа загина 70-годишен човек, кој бил сопатник во автомобилот.
Несреќата се случи вчера околу 18:20 часот, кога возило марка „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот велешанец С.И. изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело.
По несреќата, сопатникот во возилото Ѓ.М. (70) со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди, но од здобиените повреди, човекот починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: