Денес заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, го посети Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, каде што оствари средба со раководството на секторот.
На средбата, заменик министерот Исени беше запознаен со тековните активности на СВР Велес, предизвиците со кои се соочуваат припадниците на полицијата, како и начините на нивно надминување. Разговорите се фокусираа и на моменталната безбедносна состојба во регионот, при што беа истакнати актуелните трендови на криминал и превентивните мерки што се преземаат за нивно спречување.
Заменик министерот Исени ја нагласи важноста од континуирана координација и професионален пристап во работата на полицијата, со цел подигнување на нивото на јавна безбедност и доверба кај граѓаните.