Денес во Велешкиот судзапочна судењето на поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 Владимир Панчевски.
Тој беше донесен со полициска придружба од притвор во Шуто Оризари, откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судење, па судија Валентина Георгиева му одреди притвор.
Откако полицијата пет дена не успеа да го пронајде, по него беше распишана потерница. Тој на 15 јули сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Панчевски е обвинет за малверзации со АКМИС, односно дека влијаел на распределбата на педесетина предмети во скопска единица, така што самиот одредувал судии за случаите.
Можеби ќе ве интересира: