СВР Велес соопшти дека на територијата на Општина Чашка е забележан и лишен од слобода едно лице од село Мелница лица кој вршел бесправна сеча и транспорт на огревно дрво.
„Во текот на 22.09.2022, полициски службеници од Полициското одделение Чашка спроведоа акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. Притоа, во близина на село Мелница, кај место викано „Горно Поле“, бил затекнат И.Ч.(33) од с.Мелница при вршење на
бесправна сеча и транспорт на огревно дрво без документација со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки“, информираат од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Возилото, дрвата и моторна пила биле одземени од И.Ч. и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира:
.