Жителите на општините Велес, Градско, Лозово, Демир Капија и Росоман електронски ќе добиваат општински услуги

Преку проектот „Поблиску до граѓаните – зајакнување на општинските услуги преку нови технологии“ граѓаните од пет општини од Повардарието – Велес, Градско, Лозово, Демир Капија и Росоман дел од општинските услуги ќе ги добиваат по електронски пат. Проктот обезбедува можност за дигитализирање на општинските услуги за граѓаните и компаниите, а за почеток е планирано минимум 25 услуги да се добиваат по електронски пат, информираат од УНДП.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Тие заедно со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа финансираат дел од набавката на софтверот LOGES за проектот, односно за давање електронски услуги, а кој е вреден 2 милиони 550 илјади денари. Воедно во проектот кофинсирањето е заедно и со општините, односно преку Центарот за развој на Вардарскиот планскиот регион со 416 илјади денари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од УНДП информираат дека за почетокот граѓаните до општината ќе можат да достават поплаки, да добијат урбанистички проекти, барање за издавање извод од урбанистички план и разни потврди, односно се што тие досега добивале од општините на хартија отсега ќе може да добиваат и електронски. И понатаму граѓаните доколку сакаат по сопствен избор, ќе може да дојдат на општинските шалтери и да добијат потврди на хартија.

Армен Грегоријан постојан претставник на УНДП информира дека сега преку платформата LOGES се обезбедува еднаков квалитет на услуги и граѓаните од поголемите општини, како и на оние од руралните помали општини, на тој начин обезбедувајќи еднакви можности за сите.

„Кризата со Ковид не научи дека прифаќањето на дигитализацијата носи подобри услови во многу аспекти на животот и работата“, потенцира Грегоријан.

Рамиз Реџепи директор на Бирото за регионален развој, појасни дека преку овој иновативен проект за дигитализацијата на општинските услуги се овозможува заштеда на време на граѓаните за услугите кои досега ги добивале преку општинските шалтери и ја истакна заедничката соработка со општините и УНДП.

Градоначалникот на Општина Велес. Марко Колев информира дека ова е иновативен модел за промоција на меѓуопштинска соработка, кој ќе биде пример за останатите општини во земјава.

„Овој модел согласно Законот за меѓуопштинска соработка е поткрепен со еден многу значаен проект којшто ќе се имплементира на територијата на петте општини Велес, Градско, Лозово, Демир Капија и Росоман преку кој граѓаните на овие општини ќе добиваат 30 -тина општински услуги“, потенцира Колев.

Тој додаде дека преку овој проект транспарентноста и отчетноста на општините ќе биде на повисоко ниво, а можноста за манипулации ќе биде намалена на нула. Со тоа воедно сите граѓани ќе можат да ги следат процесите и фактички да знаат до каде им се предметите.

Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој“, кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Бирото за регионален развој, а кој започнал да се работи за време на Ковид пандемијата во 2020 година и е прв од ваков вид во земјава.

Во рамките на презенатцијата потоа во електронсата сала на Општина Велес присутните градоначалници од сите пет општини говореа за значењето на овој иновативен проект на електронски услуги за граѓаните, а за нив беше одржана и видео презентација за тоа како се врши процесот за електронско добивање на услугите за граѓаните.

Извор: МИА

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: