Маја Хеско: Рамномерен развој и подобри услови за сите делови на Велес

Кандидатката за градоначалник на Велес од редовите на СДСМ, Маја Хеско ги посети селата Сливник и Клуковец, каде што оствари средби со жителите и ги слушна нивните приоритети и потреби.

„Денес во посетата на селата Сливник и Клуковец ги слушнав потребите на граѓаните затоа што за мене секое село и населба се подеднакво важни за развојот на општина Велес. Моја основна цел како градоначалник е рамномерен развој — подобра инфраструктура, почиста и побезбедна средина, и повеќе можности за младите да останат и да создаваат иднина овде. Верувам дека само со чесна работа, соработка со граѓаните и вистинска посветеност можеме да го изградиме Велес што ќе биде пример за цела Македонија“, изјави Хеско.

Agria

Пред жителите на двете села се претстави и носителот на советничката листа на СДСМ, Јованче Манасков, кој ги претстави приоритетите на советничкиот тим и повика на заедничко делување за подобрување на условите во руралните средини. Посетата на Сливник и Клуковец е дел од континуираните средби со жителите на руралните средини, со цел директна комуникација и согледување на локалните предизвици на терен. Контактите со граѓаните и посетите на населените места ќе продолжат и во текот на следните денови.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: