Утрово во 7 часот започнаа единаесеттите по ред парламентарни избори во Македонија, како и вториот круг од претседателските избори. Граѓаните со само една посета денеска ќе можат да гласаат на 3.480 избирачки места.
Во трката за шеф на државата гласачите бираат меѓу двајца кандидати. За да бидат успешни изборите потребно е еден од нив да освои мнозинство гласови од граѓаните што излегле да гласаат, но под услов излезност да е најмалку 40 отсто од запишаните во Избирачкиот список.
На овие избори, право на глас имаат 1.815.350 избирачи, односно 1.033 избирачи повеќе од претседателските избори, а оваа бројка се разликува генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. По изборите, столчињата во Собранието ќе ги пополнат по 20 пратеници од шесте изборни единици.
Moжеби ќе ве интересира: