Ракометарите на Бисинов беа многу блиску до првата победа во првенството, но неискуството си го стори своето. Иако на полувреме имаа два гола предност 12:14, тие на гостувањето во Ѓорче Петров загубија од Македонија со 33:27.
Двете екипи одиграа променливо во првото полувреме, имаа свои моменти и падови, па така ниту една од нив не успеа да се одлепи на поголема разлика. Македонија ЃП водеше до 20 минута, додека гостите од Велес беа подобари во последните десет минути од првиот дел и на пауза заминаа со водство од 12:14.
Содржината продолжува под рекламата
Во второто полувреме продолжи големата борба и до 35 минута се играше гол за гол. По нерешените 18:18, домаќините со два гола во низа поведоа со 20:18 и до крајот одржуваа позитива, која најчесто беше четири до пет гола разлика.
Кај екипата на Бисинов одново најефикасен беше Мартин Иванов со осум и Панче Ристевски со шест кола. Во победничката екипа најефикасни беа Филип Ролевски со десет и Мартин Димовски со седум гола.
Можеби ќе ве интересира: