И денес е голем бројот на заразени лица од коронавирусот, вкупно 193. Во Велес има два нови позитивни пациенти, додека најмногу има во Скопје дури 140.
Во Тетово има нови 19 случаи, а Охрид 11. Градовите кои полека ја смируваат состојбата со вирусот се Штип со шест, Струга со пет, Гостивар со четири, Ресен, Куманово по два и Св. Николе и Дебар со по еден нов случај на зарзени од ковид 19.
Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово,Тетово, Струга, Гостивар и Валандово по еден, и Штип шест оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.
Поврзани вести: