Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа неочекуван пораз од Луксембург на домашен терен од 2:3 во рамките од квалификациската група за следниот ЕП. На стадионот Билјанини Извори и покрај домашниот терен и поддршката нашите девојки не успеаа да ја оправдаат улогата на фаворит и загубија заслужено.
И на овој натпревар дел од репрезентацијата се и две фудбалерки на Борец, Елма Шемсовиќ и Теодора Ѓорѓиевска. Шемсовиќ беше во почетниот состав и го одигра целиот натпревар, додека Ѓоргиевска го следеше натпреварот од клупата за резервни играчи.
Содржината продолжува под рекламата
Луксембург и Македонија се изедначени на табелата во мундијалските квалификации. Имаат по три бода. Следен меч на девојките е на домашен терен против Северна Ирска.
Можеби ќе ве интересира: