Македонија со убедлива победа над Лихтенштајн на стартот на квалификациите

reprezentacija na makedonija

Македонската фудбалска репрезентација стартуваше со сигурна победа во квалификациите за Светското првенство. Избраниците на Благоја Милевски го совладаа Лихтенштајн со 0-3 (0-2) во Вадуц и се позиционираше на врвот на табелата во групата. Селекторот Милевски одбра офанзивна формација 3-5-2, со Трајковски и Миовски како напаѓачи, а Алиоски и Чурлинов како крилни фудбалери.

Zito akcija 640x289px

Уште во седмата минута, Македонија поведе. Лихтенштајнската одбрана направи грешка, Миовски се проби по левата страна и центрираше, а Трајковски ја погоди мрежата со глава (0-1). Во 14. минута, Миовски имаше добра прилика по долга топка, но ударот му беше блокиран. Првата шанса за домаќинот се случи во 22. минута, кога ударот на Вилиам Пици го одби Столе Димитриевски, кој успеа да интервенира на вториот обид.

Agria

По неколку моменти на пропуштени шанси, во 36. минута, Алими бараше пенал, но судијата не ја прекина играта. Веќе две минути подоцна, Миовски имаше можност со глава, но ударот го одбрани голманот Бухел. Сепак, во 41. минута, Македонија успеа да зголеми на 0-2. По корнерот, Висар Муслиу се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата.

Во вториот дел, тимот продолжи да создава шанси, но не успеа да ги реализира. Во 59. минута, македонските навивачи му оддадоа почит на градот Кочани по трагедијата во која загинаа 59 луѓе во пожарот. Чурлинов беше фаулиран во 76. минута во казнената зона, но судијата не даде пенал.

Во 82. минута, Тошевски пропушти голема прилика да го постигне својот прв гол за репрезентацијата, а на крајот, Бојан Миовски го постави конечниот резултат од 0-3 во 85. минута по одлична асистенција на Бојан Илиевски. Македонија го завшри натпреварот и го започна квалификацискиот старт со победа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: