Маските ќе бидат строго задолжителни на скопскиот и охридскиот аеродром

20200624222745

Хигиена, дистанца и задолжителна маска, сите патници кои ќе полетуваат и ќе слетуваат на двата македонски аеродроми од први јули од кога почнува редовниот сообраќај ќе мора да почитуваат нови правила на однесување. Пандемијата на Ковид-19 промени доста во животите на луѓето. Патувањето можеби никогаш нема да биде исто, сепак почитувањето на правилата ќе значи и безбедност и сигурност.

Zito akcija 640x289px

За новото нормално на Меѓународниот аеродром во Скопје и на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, во интервју за Фактор зборува првиот човек на ТАВ, Алпер Ерсој.

Agria

Веќе е јасно дека според протокол, патниците ќе треба да доаѓаат на аеродромот три часа пред полетување, ќе бидат скенирани на термална камера и сами ќе ги покажат пасошите на фиксниот читач. Во аеродормот влегува само тој што патува, односно што слетува, не и роднините и блиските.

Кризата ги погоди компаниите, па и ТАВ. Во месеците што поминаа воопшто немаше патници, но генералниот директор на ТАВ вели дека успеале да не го намалат бројот на вработени. До крајот на годината влегуваат со нова стартегија и во специфични услови. Го прашавме прво што ќе се промени во работењето на аеродромите по повторното отворање.

Ерсој: Авиоиндустријата е најнегативно погодена од пандемијата со Ковид-19. Многу аеродроми ширум светот се затворени како нашите. Државите ги затворија своите граници, применија сериозни ограничувања за да избегнат ширење на вирусот. Од почетокот на пандемијата, националните и меѓународните власти објавуваат мерки кои треба да бидат преземени во сите сегменти од нашите животи. Како резултат на тоа, аеродромите кои беа отворени за работа во изминатиот период веќе применуваа заштитни мерки, а мерки ќе бидат преземени и на другите аеродроми откако и тие ќе продолжат со работа. Постојано сме во комуникација со другите аеродроми од целиот свет и ги следиме препораките на националните и меѓународните институции, како што се Министерството за здравство, Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), со цел патувањата да ги направиме здравствено безбедни. За патниците имаме 3 основни правила – постојано да ја носат заштитната маска, да внимаваат на препорачаното физичко растојание во затворени места и да одржуваат високо ниво на лична хигиена.

Целото интервју на генералниот директор на ТАВ Македонија кое го направи порталот Фактор.мк можете да го прочитате тука.

Извор: фактор.мк

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: