Бројката на заразени со коронавирусот во земјава забрзано расте, Велес засега се „држи“

Bolnica Veles vecer
Bolnica Veles vecer

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани десет нови случаи на коронавирусот, а се регистрирани само тројца оздравени пациенти. Во моментов во Велес, според епидемиолошките анкети, бројката на активни случаи кои се заразени со коронавирусот изнесува 137 лица лица.

Zito akcija 640x289px

Ширум земјава направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани –  5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево  – по 2.

Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово – по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2, Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш  Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица:  по едно починато лице од Скопје (75г) и Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: